March 29, 2024, 10:43 am

СЕЛМАНИ: Време е за Албанец претседател на државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот министер за здравство и претседателски кандидат на изборите во 2009 година, Имер Селмани, смета дека е време претседател на Македонија да биде Албанец.

„Албанците ги гласаа речиси сите претседатели по ред. За жал и Иванов го изгласаа Албанците пред 5 години и пред 10 години, не во голем број, туку во доволен број за да стане претседател.
Да не зборуваме за Борис Трајковски, Црвенковски и Киро Глигоров, кои исто беа изгласани од Албанците.

Време да се размислува за консензуален кандидат Албанец, кој ќе биде изгласан од македонска страна и сите други етнички заедници кои живеат во Македонија“, вели Селмани, пренесува Алсат М.

Имер Селмани беше министер за здравство во првата влада на Никола Груевски (2006-2008) како кадар на ДПА. Во 2008 ја напушта ДПА и ја формира партијата Нова демократија која го кандидира за претседателските избори наредната 2009 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This