April 19, 2024, 12:24 am

СЕЛО ГОРИ, БАБА СЕ ЧЕШЛА: Опсесијата со кондоми се префрли и во владата, заменикот на Таравари во среде кампања ќе поставува кондомати во средните училишта!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три дена заменикот на Таравари е во посета и на средби со невладини организации преку кои промовира контрацептивни средства и кондомати во средните училишта

 

Додека „селото гори, бабата се чешла“ би била вистинската поговорка со која може да се опише тоталната исклученост од реалноста на владата на Заев, за потребите на граѓаните, или во случајов за потребите на здравството.

Во цели четири месеци, и покрај задолжувањето од неверојатни 470 милиони евра на државата, Министерството за здравство освен неколку тројазични табли во Клиничкиот центар, не успеа да набави ниту едно парче опрема за било која здравствена установа во државата, а лекарите се жалат и на недостаток на потребни материјали за секојдневно функционирање. Од обични гази, до лекови, анестезија и игли. Сето тоа недостасува, се жалат лекарите.

Наместо да се погрижат за оваа состојба, кадрите на СДС продолжуваат да ги користат сите ресурси на државата за партиско агитирање во пресрет на изборите.

Заменик-министерот за здравство, веќе три дена заедно со невладините организации ветува поставување на бесплатни кондомати во средните училишта и делење на контрацептивни средства.

Засега, сеуште нема реакција од надлежните институции, граѓански и меѓународни организации за ваквото блатантно искористување на државните ресурси во политичка кампања.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This