СЕЛО НА ПРОДАЖБА: Шведска продава цело селo за неверојатна цена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едно село во Шведска се продава за 6,5 милиони евра. Сатра Брун е велнес село на периферијата на Стокхолм. Селото датира од 1700-тите години кога докторот Самуел Скраг открил извор на вода во Сатра и го купил околното земјиште. Потоа изградил бунар, куќа со извори, болница и црква.

Тоа било во времето кога растела популарноста на природните извори, бидејќи се сметало дека пиењето и миењето со висококвалитетна вода има големи придобивки за здравјето.

Гостите биле повикувани да пијат вода секој ден. Понудени биле топли или студени бањи, бидејќи се верувало дека помагаат за емоционален баланс.

Потоа во околу 1740-та година земјиштето го купил бискуп од градот Вастерас, кој неколку години подоцна го препуштил на универзитетот Успала, еден од најдобрите универзитети во земјата.

Во 2002-ра година универзитетот го продал земјиштето на Сатру Брун групата од 16 локални претприемачи, а селото од тогаш се води како место за спа-туризам. Во селото еден од изворите има добиено најмногу награди за чистота во Шведска.

Сатра Брун и сите недвижнини се регистрирани како д.о.о, што значи дека нема ограничувања за странски купувачи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This