СЕМАКЕДОНСКИ ПРОТЕСТ УТРЕ ВО БРИСЕЛ: Македонската дијаспора ќе протестира во Брисел, ќе ги поддржи и европратеничката Маријана Петир!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските заедници во Германија, Швајцарија, Данска, Австрија, Франција, Италија, Австрија, Шведска, Холандија, Луксембург и Белгија за утре, организираат голем Семакедонски протест во Брисел, Белгија, на Плоштадот Square de Meeus, со почеток во 15 часот. Семакедонскиот протест ќе продолжи пред седиштето на Европската Комисија

Македонците во Европа бараат: Безусловен крај на разговорите за промена на името на државата и идентитетот на нацијата; Безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија; Отфрлање на Законот за употреба на јазиците; Поништување на Договорот Заев-Борисов; Помилување на сите притворени и затворени во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.

Пред протестот претставници на Македонската дијаспора во Европа имаа средба со европратеничката Маријана Петир, која изрази поддршка за утрешниот протест, а најави дека најверојатно и таа ќе присуствува на скверот „Де Меус“ за да протестира заедно со Македонците.

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација! – велат организаторите на утрешниот семакедонски протест.

Од Семакедонскиот протест ќе биде упатена Резолуција до Европската Комисија со барање за крај на притисоците од ЕУ и НАТО за промена на името на државата и идентитетот на нацијата.

Македонците во Европа отфрлаат референдум, ратификација на меѓународен договор и промена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This