СЕМАКЕДОНСКИ ЧЕТВРТ ИЛИНДЕН: Македонци, и оние кои гласале за СДСМ се приклучуваат на протестите – планот на „чадорот“ пропаѓа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дел од граѓаните кои гласаа за СДСМ а не се дел од партиските структури се оградуваат од раководството на Бихаќка кое има намера да ја редефинира Македонија.

etsea
Дел од нив кои и вчера беа присутни на протестот велат дека не гласале за СДСМ за да воведе двојазичност на целата територија и дека цената која се плаќа за учество во власта е едноставно превисока.
Експертите велат дека бројот на ваквите случаи ќе расте како ќе се доближува денот кога како што велат СДСМ ќе ја потпише капитулацијата на Македонија.
Затоа, според експертите СДСМ во моментов се фокусира на изнаоѓање оправдувања за своите гласачи за да се спречи нивно преминување во спротивниот табор.
Експертите велат дека оправдувањата се движат во три насоки. Првата е да им се сугерира на граѓаните дека не е важно каков ќе биде законот за јазиците, бидејќи на власт има според нив, корумпирана администрација и дека распродавањето на македонските национални интереси е цена која вреди да се плати за ВМРО-ДПМНЕ веќе да не биде на власт.

Од СДСМ ја протнуваат тезата дека ВМРО-ДПМНЕ организира протести за да се спаси од евентуални затворски казни. Ваквата теза лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја пресретна во интервјуто за Сител дадено во неделата кога јасно порача дека е подготвен веднаш да оди во затвор само СДСМ да престане да ги урива темелите на Македонија

„Нека удри и по нас, ама не по државата и нејзините темели. Еве јас доброволно ќе прифатам ако тоа му е услов на Заев да ме уапсат, затворат и малтретираат, а ВМРО-ДПМНЕ да го поддржува како малцинска влада колку време сака до наредните избори кои заедно би ги договориле, нека удри по мене, само нека се откаже од удирање по темелите на државата заради желбата да е на власт. Ова нека го сфати како јавна понуда“ – изјави Груевски.

Соочени со пропаѓање на оваа теза во СДСМ според експертите се обидуваат да ги убедат граѓаните дека залудно протестираат по улиците а не знаат никакви детали од Законот за јазиците и дека кога тие ќе бидат донесени во Собранието, нема да направат толку голема штета по македонските национални интереси. Од СДСМ дури и прават обиди да се претстават како заштитници на Уставот, а лидерот Заев дури излезе и со изјава дека нема да чепка по Уставот. Но јасно е дека и да сака, Заев нема начин да го смени Уставот, па оттука, оваа теза пропадна веднаш што беше лиферувана. Од друга страна, раководството на ДУИ речи си во детали објасни што се ќе добијат Албанците со новиот закон на Заев.

Последно во низата оправдувања е тезата дека во СДСМ го прифатиле истото она што претходно било прифатено од ВМРО-ДПМНЕ. Во функција на оваа теза е вклучена целата соросова артилерија а впрегнати се и голем број медиуми кои се финансираат со пари на СОРОС и странски амбасади. За да го оправда СДСМ вчера на емисија финансирана со средства на УСАИД беше испратена Теута Арифи која има тесни врски и со соросовите структури. Но ниту ваквите оправдувања на поминуваат кај граѓаните.

Во таква ситуација се поголем број од граѓаните кои гласале за СДСМ се приклонуваат на протестите и веќе жалат за својата одлука.

Организаторите на протестите „За заедничка Македонија“ и вчера ги повикаа сите граѓани без разлика за кого гласале да им се придружат на протестите бидејќи ова е над сите партии бидејќи станува збор за Македонија

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This