April 16, 2024, 11:17 pm

СЕМЕЈНОТО СТЕБЛО НА ДОНАЛД ТРАМП

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Запознајте ги Трампови.

133426244-87016

Доналд Трамп, американскиот претседател, се женел три пати и има пет деца и осум внуци.

Трамп, кој пораснал во Квинс, потекнува од големо семејство, па тоа го поттикнало и самиот да има пет деца.

Кога во текот на втората претседателска дебата ја запрашаа неговата демократска противкандидатка Хилари Клинтон да наведе една позитивна работа за Трамп, таа одговори: „Ги почитувам неговите деца. Неговите деца се способни и посветени и мислам дека тоа кажува многу за Доналд“.

Родителите на Доналд Трамп

Трамп со родителите

Доналд Трамп е роден во Квинс во 1946 година како дете на Фред и Мери Трамп. Фред бил њујоркчанец од Броннкс, кој се занимавла со изградба на станови за припадниците на средната класа во Бронкс и Квинс. Мери била имигрант од Шкотска.

Доналд повеќепати повторува дека татко му имал големо влијание врз неговата одлука да основа своја компанија. Хилари Клинтон во првата претседателска дебата тврдеше дека Трамп „започнал свој бизнис со 14 милиони долари што му ги дал татко му“, но Трамп на тоа возврати дека „татко му му дал многу мала позајмица во 1975 година“.

Браќата и сестрите на Доналд Трамп

Доналд Трамп браќа и сестри

Доналд Трамп е четврто од петте деца во неговото семејство. Неговата сестра Елизабет е поранешен службеник во „Чејс“ банката; втората сестра Мериен е пензионирана судија на Третиот апелациски суд; а неговиот брат Роберт работеше како висок раководител во компанијата на Трамп.

Но, неговото семејство веројатно привлече најголемо медиумско внимание, кога брат му Фреди почина од алкохолизам во 1981 година на 43-годишна возраст. Токму смртта на Фреди, Трамп често ја наведува како причина за неговата одлука засекогаш да се откаже од алкохолот.

„Њујорк Тајмс“ во јануари годинава објави сторија за комплицираните односи меѓу Доналд и Фреди, кои имале одраз врз целото семејство. „Тајмс“ тврдеше дека Доналд влијаел врз татко му да го измени тестаментот пред неговата смрт во 1999 година, со цел да ги исклучи од наследството децата на Фреди. – Тие тужеа, тврдејќи дека во претходната верзија на тестаментот нив требало да им припадне делот од наследството на нивниот татко, но дека Доналд и неговите брат и сестри влијаеле врз нивниот дедо, кој боледуваше од деменција, да ги исклучи од наследството, тврдеше „Тајмс“.

Ивана Трамп – првата сопруга

Ивана и Доналд Трамп

Во 1977 година Доналд Трамп се ожени со чешката манекенка Ивана Зелничкова, со која има три деца – Доналд Помладиот, Иванка и Ерик. Тие се разделија и набрзо се разведоа во 1992 година.

И покрај љубовната афера на Доналд со Марла Мејплс и разводот, Ивана изјави дека таа често го советувала во врска со неговите говори. – Ние разговаравме пред и по објавувањето на кандидатурата и тој ме праша за мое мислење, изјави неодамна Ивана за „Њујорк Пост“, нагласувајќи дека Доналд би бил добар претседател затоа „што ги кажува работите какви што се“.

Доналд Трамп Помладиот и Венеса Хејдон

Доналд Трамп помладиот

Доналд Трамп Помладиот (38) е најстарото дете од бракот на Доналд Трамп со Ивана. Тој работи како извршен потпретседател во корпорацијата на Трамп. Доналд Помладиот е оженет со поранешната манекенка Ванеса Хејдон со која има пет деца: Кај, Клои, Доналд, Тристан и Спенсер.

Доналд Помладиот имаше клучна улога во освојувањето на гласовите на делегатите од Њујорк за Републиканската национална конвенција, со што на својот татко му ја обезбеди републиканската кандидатура за претседател.

Најстариот син на Трамп се најде на удар на критиките на јавноста во септември кога во објава на Твитер ги спореди сириските бегалци со бонбоните „Скитлес“. – Ако ви понудам сад со „Скитлес“ и ако ви кажам дека три од нив би можеле да ве убијат, дали ќе земете. Таков е и нашиот проблем со сириските бегалци, напиша Доналд Помладиот.

Иванка Трамп и Џеред Кушнер 

Иванка Трамп

Иванка Трамп (35) е второто дете на Доналд и Ивана Трамп. И таа работи како извршен потпретседател во корпорацијата на Трамп, а предходно беше манекенка. Иванка е во брак со предприемачот Џеред Кушнер со кого има три деца: Арабела, Џозеф и Теодор.

Во обраќањето на Републиканската националана конвенција, Иванка рече дека нејзиниот татко има „талент да го препознае вистинското знаење и умеење кога ќе го види“. – Тој нема предрасуди во врска со полот. Тој го избира најдобриот кандидат за одреден работа и точка, изјави Иванка.

Најстарата ќерка на Трамп е пријателка со Челзи Клинтон и изјави дека тие останале пријателки и во текот на изборната кампања. – Нашето пријателство не е поврзано со политиката. Не верувам дека тоа ќе се поврзе со политиката и во иднина, изјави Иванка за магазинот „Пипл“.

Ерик Трамп и Лара Јанаска

Ерик Трамп

Ерик Трамп (32) е третото и последно дете на Доналд Трамп од бракот со Ивана. Ерик исто така е извршен потпретседател во корпорацијата на Трамп. Од 2013 година тој е во брак со продуцентката во Си-Би-Ес, Лара Јанаска и немаат деца.

Во обраќањето на Републиканската национална конвенција, Ерик рече дека неговиот татко во една прилика и рекол на Опра дека би се кандидирал за претседател „единствено ако стои многу лошо и изгледа дека нема шанси (за победа)“. – Па дами и господа, дојде тоа време, изјави Ерик.

Ерик се најде на насловните страници минатиот месец кога објави фотографија се една жена која носеше маица со натпис „Латиноамериканка против Трамп“.

Марла Мејплс – втората сопруга

Марла Мејплс

Доналд Трамп и Марла Мејплс се венчаа во 1993 година, но според гласините тие ја почнале љубовната врска неколку години порано. Тие ја имаат ќерката Тифани, која е родена во 1993 година. Доналд и Марла се разведоа во 1999 година, по што таа и Тифани се преселија во Калифорнија.

Во јули во изјава за „Пипл“, Мејплс рече дека „неможе да биде погорда“ на обраќањето на Тифани на Републиканската национална конвенција. – Да излезеш и да говориш од срце пред светската сцена не е лесна работа. Не можам да објаснам колку се чувствував горда додека ја гледав мојата ќерка како пред сите ја покажува својата решителност и самоувереност, изјави таа.

Тифани Трамп

Тифани Трамп

Тифани Трамп (22) е помалата ќерка на Доналд Трамп и негово единствено дете од бракот со Марла Мејплс. Тифани поголем дел од детството го мина во Калифорнија, а неодамна дипломираше на Уневрзитетот во Пенсилванија. Таа изјави дека името го добила по познатата продавница за накит „Тифани“ на њујоршката „Петта Авенија“.

Тифани беше прво од децата на Доналд кои се обратија на Републиканската националана конвенција. – Му се восхитувам на мојот татко во текот на целиот свој живот и го сакам од се срце, изјави таа.

Меланија Трамп – третата сопруга

Меланија Трамп

Во 2005 година Доналд Трамп се ожени со манекенката родена во Словенија, Меланија Кнаус. Во 2006 година тие го добија единственото дете – Барон, а истата година Меланија доби и американско државјанство.

Во обраќањето на стартот на Републиканската национална конвенција Мелани имаше контроверзен говор, во кој користеше фрази преземени од обраќањето на Мишел Обама на Демократската национална концвенција во 2008 година.

Таа меѓу другото тогаш нагалси и дека кај нејзиниот сопруг “нема место за мали работи“. – Нема место за слаби резултати. Доналд прави работите да бидат сработени, истакна таа.

Меланија во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека „понекогаш има впечаток дека дома има две деца“. – Го имам мојот мал син и го имам мојот сопруг, рече таа.

Барон Трамп

Барон Трамп

Барон Трамп (10) е најмалиот син на Доналд Трамп и единствено дете од неговиот брак со Меланија. Доналд го спомена својот најмал син во текот на првата претседателска дебата кога говореше за кибер безбедноста, истакнувајќи дека Барон „е толку добар со тие компјутери, што е неверојатно“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This