April 17, 2024, 12:21 am

Семејство на Австриец пoчинaт од koвид ја тужи државата, бараат надомест за нeнавремено прeдупредување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Виена денеска започна првото судење во кое семејство на починат Австриец, кој се заразил со коронавирус на почетокот на пандемијата во скијачкиот центар Ишгл, бара надомест од државата за ненавремено предупредување.
На почетокот на судењето пред Виенскиот покраински суд, државата Австрија го отфрлила вонсудското решение, објаснувајќи дека властите постапиле правилно во март 2020 година, во согласност со тогашните информации за коронавирусот.

Синот и сопругата на Австриецот, кои се заразиле при евакуација од овој скијачки центар во Тирол, тврдат дека властите реагирале предоцна и дека одлуката за воведување карантин за Ишгл, донесена од австрискиот канцелар Себастијан Курц на 13 март 2020 година, била избрзана и неподготвена, што предизвикало хаос при евакуацијата на местото.

„Секој што не се заразил неколку недели пред карантинот, се зарази за време на хаотичната евакуација“, рече адвокатот на семејството на починатиот. Семејството најавило дека во случај на победа ќе го донираат надоместот во износ од 100.000 евра за хуманитарни цели.

Ова е првиот процес поврзан со настаните од Ишгл, кој е познат како еден од првите жаришта од кои пандемијата на коронавирус се прошири како шумски пожар. Досега, до судовите во Австрија се поднесени 15 барања за отштета.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This