СЕНДВИЧАРАТА СЕДМИЦА Е ЧИСТА:Нема бактерии

Поврзано

- Advertisement -

По направените испитувања на примероците од храна и брисеви од работни површини и вработени, констатирано е дека храната во сендвичарницата „Седмица“ ги задоволува сите стандарди и прописи за микробиолошка исправност.

„Сакаме да Ве известиме и воедно да Ви се извиниме за четиридневниот молк од наша страна за настанатата ситуација. Поради сензитивноста на работата и ситуацијата сметавме дека е најдобро да Ве информираме кога официјално ќе се добијат резулатите од ЈЗУ Центар за јавно здравје и Државниот санитарен инспекторат. Бевме обвинети со претпоставка за труење со храна и веднаш медиумски нападнати во една потполно непозната ситуација за нас, во тек на нашето 30-годишно беспрекорно работење. Ве известуваме дека по направените испитувања на примероците од храна и брисеви од работни површини и вработени, констатирано е дека храната ги задоволува сите стандарди и прописи за микробиолошка исправност.

Сакаме и да им се извиниме на сите наши потрошувачи кои се пријавиле со стомачни потешкотии и имале конзумирано наша храна, меѓутоа не може да го занемариме и фактот дека сѐ ова се случува во денови на голема епидемија на стомачен вирус.

Поради превентивна мерка Државниот санитарен инспекторат издаде решение за привремено затворање на објектот до стигнување на резултатите, што ние драго го прифативме пред сѐ поради безбедноста на нашите потрошувачи. Кога после 4 дена сликата е конкретно јасна, очекуваме Сендвичара 7 – Карпош набрзо да биде отворена, откако ќе заврши процедуралната постапка на Државниот санитарен инспекторат“, се наведува во соопштението од седнвичарницата.

Оттаму се заблагодаруваат за довербата и ги покануваат граѓните на заедничка прослава на 30-годишниот јубилеј.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This