Сервисерите на стариот „Mерцедес“ прашувале: „Уште ли ја возите оваа канта“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешното рочиште за „Тенк“ сведочат 11 сведоци вработени во МВР.

Прв сведочеше Љупчо Цековски вработен во МВР во 2006 година, а во еден период му бил и лично обезбедување на Груевски.

-Често пати Груевски требаше да пристигне со еден автомобил, а доаѓаше со друг. Потоа ја разбрав причината. Честопати на возилото со кое тргнувал му се расипувале кочниците, не работеше климата. Еднаш требаше од дома да биде пренесен до Влада, но возилото не можеше да се запали, па мораше да се вози со возило кое не е блендирано, а тоа не е дозволено по протокол, рече сведокот.

Маријан Тушевски, пак, вработен во МВР во единица за брзо распоредување изјави пред судот дека неколку пати го носел старото блиндирано возило Мерцедес на сервис и луѓето кои работат таму да му речат: “Уште ли ја користите оваа канта?”

Сведокот Тушевски потврди дека неколку пати екс-премиерот бил префрлан во џип „Гранд Чироки“, затоа што блиндираното возило било во дефект.

Адвокатот Сања Алексиќ побара од судот да постапи по нејзиното барање до институциите да и достават документи кои и се потребни за одбраната. Таа се обидела да обезбеди документи, но одредени институции не и одговориле во предвидениот рок.

Судијата Кацарска рече дека ќе постапи по нејзиното барање. Во „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски.

На претходното рочиште одржано пред два дена, Судот донесе одлука да ја раздвои постапката за Јанкулоска поради ризична бременост.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This