СЕРГЕЈ ГО ПРЕКРШИЛ ЗАКОНОТ: Не смеел да користи фотографии од социјалните мрежи без согласност!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако со месеци се случуваа препукувања помеѓу Сергеј Варошлија, „Студио мода“ и личностите „кои ги обработуваше“ во емисијата, се чини „тиквата пукна“ кога настана „препукувањето“ со Бојана Скендеровски..

До Агенцијата стигнале неколку претставки на лица кои биле предмет на оценка во емисијата на Варошлија.

Дел од нив обвинуваат и за говор на омраза, но од таму велат дека претставките по тој основ се неосновани. До Дирекцијата за заштита од лични
податоци, пак, стигнале три барања за заштита на личните податоци. Дирекцијата во сите три случаи утврдила повреда на правото на заштита на личните податоци.

Од таму информираат дека на Варошлија му е дадено посебно укажување дека не може да користи фотографии од социјалните мрежи без согласност на лицата кои се наоѓаат на тие
фотографии.

„На Трговското радиодифузно друштво ’1ТВ’ ДООЕЛ Скопје му беше дадено посебно укажување во насока да ги почитува прописите за заштита на личните податоци во делот на користење на лични податоци во емисијата ’Студио Мода’, особено во делот на користење на фотографии обезбедени преку интернет, односно социјални мрежи, со оглед дека нивната обработка без согласност од субјектот на личните податоци претставува неправична и незаконска обработка на личните податоци според просписите за заштита на личните податоци“, велат од Дирекцијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This