СЕРИОЗНА ЕСКАЛАЦИЈА ПОМЕЃУ БЕЛГРАД И ПРИШТИНА: Вучиќ на итен состанок со министерот за одбрана, а потоа во касарната во Рашка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Драстично се зголемуваат тензиите помеѓу Косово и Србија, откако вчера во Брисел во целост пропаднале преговорите помеѓу властите на двете земји

 

UCK_USA

Како што пренесуваат српските медиуми, растат стравувањата дека официјална Приштина не отстапува од планот да изврши напад врз срспките општини на северот на Косово.

Како што дознава Телеграф.рс, по состанокот на делегацијата од Белград и Приштина вчеравечер во Брисел, преговорите целосно пропаднале, а српскиот премиер Александар Вучиќ имал итен состанок со Министерот за одбрана на Србија Зоран Ѓорѓевиќ, по што денес попладне ќе се состане со политичките претставници на Србите на Косово во касарната во Рашка.

Итниот состанок, во касарната Стефан Немања ќе се одржи во 17.00 часот.

Што се случувало во Брисел е непознато, но за германското радио Дојче Веле во емисијата на албански јазик, утринава неименуван извор пренесува дека состанокот помеѓу делегациите на Белград и Приштина вчеравечер во Брисел „во потполност пропаднале“.

На српска страна, според сознанијата на Танјуг, растат стравувањата дека Приштина не отстапува од планот да изврши напад врз Србите на северот на Косово.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This