Сертификат ќе добијат само лицата кои примиле вакцина одобрена од Европската унија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската унија е на пат да донесе контроверзна одлука која ќе доведе до силна дискриминација. Одлуката за сертификат за лицата кои примиле вакцина сама по себе предизвикува дискусии за потенцијани ограничувања но и кршена на човековите права. Дополнително, иницијативата на дел од членките сертификатот да се однесува само на вакцините одобрени од страна на унијата ќе предизвика не само дискриминација, туку и граѓани од втор ред.

Прашањето е – за која вакцина ќе се издаде потврда? И не само за која верзија на вакцина, туку и од кој производител? Значи, дали тука ќе се воведе дискриминација на вакцините што не доаѓаат од Запад, односно дали сертификатот ќе се однесува само на вакцини како што се „Фајзер“, „Астра-Зенека“ и „Модерна“ или, исто така, на руски и кинески вакцини? Да не спомнувам дали овој потег ќе воведе апартхејд во ЕУ, односно дека од една страна ќе има оние кои се согласија да бидат вакцинирани, а од друга страна ќе бидат и оние кои нема да го сторат тоа“, забележува Павиќ

Иако, како што вели, очигледно е дека целта на оваа одлука е да се олесни туристичката индустрија, особено во земјите кои зависат од туризмот, Павиќ очекува дека ќе има противење и несогласување од страна на земјите-членки по овој повод. Тој посочува на опасноста да се создадат граѓани од „втора класа“ во рамките на Европската унија, кои треба да бидат симбол на либералните, демократски вредности во светот.

„Под маската на борбата против пандемијата, ние се движиме кон намалување и укинување на човековите и демократските права, без доволно јасно објаснување и транспарентност. Оттука е јасно дека ЕУ како целина не се справи со условите на пандемијата и тоа исклучиво се должи на фактот дека таа има едностран пристап во сето ова. Брисел се ограничи на западните производители, кои отстапија од принципот на слободна конкуренција и го ограничија изборот на граѓани на Унијата кога станува збор за вакцините. Ако ЕУ се однесуваше како Србија и ќе беше отворена за кинески и руски вакцини, денес ќе имаше многу помал проблем. Раководството на Унгарија, на пример, не сака да биде заложник на таквата политика и тие се свртеа кон руските и кинеските вакцини“, наведува Павиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This