Серхио Агуеро утре ќе биде пoдлoжeн на oпeрaцијa на кoлeнoтo во Барселона

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Топ стрелецот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро утре ќе биде подложен на операција на коленото во Барселона. Ова го откри тимскиот менаџер Пеп Гвардиола.

– По интервенцијата, не знаеме кога ќе се врати Серхио. Ќе можеме да кажеме кога тој ќе биде дома, рече тренерот. На прашањето дали ќе биде подготвен за натпреварите во Лигата на шампионите во август, Гвардиола рече: „Не знам“.

Во врска со неговите заменици до крајот на сезоната, Шпанецот коментираше дека постојат опции.

– Не се сомневаме во врска со Габриел Жесус. Никој не може да игра 90 минути три дена по ред. Рахим Стерлинг може да игра на оваа позиција, дури и Илкај Гандоган е способен. Имаме различни опции, вели Пеп.

Утре Сити ќе се соочи со Челси, но Гвардиола призна дека повеќе размислува за мечот в недела, кога неговиот тим ќе се соочи со Њукасл во натпревар од четвртфиналето на ФА Купот.

– Не можам да негирам дека го гледаме со едно око натпреварот со Њукасл. За нас е како финале, додаде Каталонецот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This