March 28, 2024, 11:38 am

СЕСТРИ И ШУРИ ВРАБОТЕНИ ВО ПОЛИЦИЈА: Заменик-министерот во МВР и шефот на Финансиската полиција си вработувале сестри и шури во полиција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скандалот со вработување членови на семејството на политичари во државните институции не заприра. Секој нов ден се објавуваат нови имиња на членови на семејства на пратеници, министри или функционери на СДСМ и на ДУИ.


Последна информација од нашите извори од МВР, покажуваат за неколку нови работни места под сомнеж дека се работи за непотизам. Станува збор за заменик-министерот за Внатрешни работи, Агим Нухиу, кој ја вработил неговата сестра во тетовската полиција. Истите извори потенцираат дека освен сестрата, Нухиу згрижил и други роднини во државните органи, а наскоро ќе бидат објавени нивните имиња и роднинската врска со заменик-министерот.

Исто така, во последните неколку дена, директорот на Финансиската полиција, Арафат Мухарам, кадар на СДСМ, се зборува дека си го вработил својот шура (брат на сопругата), во регионалната полиција во Охрид, како полициски инспектор. Станува збор за Насер Каба од Струга, кој според полициските извори, на работа бил примен со “телефонски повик од горе”, бидејќи не ги поминал ниту потребните процедури, тестирање и интервју, пишува порталот на албански јазик Фол.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This