СЕУШТЕ НЕМА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ЗАЕВ И АНЃУШЕВ: Обвинителството молчи за корупциските афери, Санос, тендерите на Анѓушев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обвинителството се уште молчи иако треба да ги разгледа случаите Санос и тендерите на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и да поведе постапка.

 

Откако СДСМ дојде на власт и Зоран Заев стана премиер, граѓаните секојдневно се сведоци на скандали, злоупотреби и криминални и корупциски афери.

За само неколку месеци, јавноста дозна за измамата за Санос, криминалните тендери на вицепремиерот Анѓушев и како Заеви дополнително се богатат. Сите овие се големи криминални афери за кои медиумите пишуваат, фактите потвдруваат, а власта игнорира мислејќи дека јавноста поради молчењето од нивна страна ќе заборави. Покрај власта, и Обвинителството молчи за овие афери.

Големата најава на премиерот за враќање на една од најголемите фабрики која работеше порано во Македонија „ФАС 11 Октомври“, ребрендирана во името „САНОС“, требаше да му даде полни раце работа на Јавното обвинителство, бидејќи постојат сериозни индиции за голем криминал и директно удирање по државната каса и џебот на граѓаните.

Веќе некое време сите се прашуваат како е можно да се направат 70 автобуси од само тројца вработени, еден службеник и две жени. Експерти и од областа на производството и од областа на економијата се согласни дека во овој случај се работи за голема измама.

Позади оваа измама стои бизнис игра на моќници од власта кои сакаат да избегнат плаќање данок, е ставот на економските експерти. Познавачите на приликите сметаат дека овде има сериозен сонмеж за финансиска малверзација. Имено постои можност дека се работи за разработена мрежа каде компанијата набавува половен автобус и врши репарирање и потоа низ царината ги извезува како нов производ по што прави од државата фиктивен поврат на ДДВ со што се оштетува народниот буџет.

Дека има сериозно индиции за измама преку која има за цел на криминален начин да дојде до пари од државната каса, пари на граѓаните на цела Македонија, е и фактот дека во разговор со поранешен вработен во фабриката „ФАС 11 Октомври“ дознавме дека најголемиот дел од опремата за производство е продадена и таму нема никаква шанса да се направи нов автобус.

 

Од Царина добивме потврда дека фирмата „Санос“ нема направено извоз на автобуси, со што се потврдуваат сомнежите дека се работи за филмска измама од страна на премиерот Заев. Премиерот Заев очигледно ја потцени интелигенцијата на граѓаните и се обиде со евтина измама собере политички поени. Заев пред два месеци беше во посета на фабриката, каде изрази задоволство што еден домашен македонски производ излегува на странскиот пазар, очигледно лага, информација која беше демантирана од Царината.

 

 

Од функцијата вицепремиер во Владата на Зоран Заев, Кочо Анѓушев, наместо за граѓаните си работи самиот за себе. Си дозволи низа придобивки и огромна заработка, на незаконски начин. За ова во целиот процес има силна поддршка од премиерот.

Само 10 дена откако е назначен новиот генерален директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски, на својот претпоставен во Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев, му доделил тендер на фирмата „Фероинвест“, која ја основа токму Анѓушев и од која само козметички се повлече од местото управител. Вредноста на доделениот тендер изнесува 165 милиони денари со ДДВ или 2.6 милиони евра, ова значи дека вицепремиерот Анѓушев со криминалниот тендер на ЕЛЕМ ќе има над 30 милиони евра лично богатство, а и Заеви може да се омрсат од државните тендери.

На овој начин мултимилионерот Анѓушев за само еден ден заработи 2.6 милиони евра, а предноста пред сите останати ја доби благодарение на тоа  што е вицепремиер во владата на Заев. Поради функцијата која ја обавува, тој може да влијае врз работата на државните институции.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This