April 20, 2024, 10:03 am

СЕФЕР ЦАНОСКИ И СЕЗАН ЧЕКААТ ЌЕРКА:Секој ден ни е Валентин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со Сезен секој ден ни е Валентин, исполнет со љубов, почит, но и благодарност што нашите сродни души се пронајдоа на овој свет. За околу една недела веќе не очекува и нешто прекрасно, раѓањето на нашата ќерка, и можеме само на целиот свет да му посакаме љубов и среќа како нашата – раскажува за ,,Фокус” бизнисменот и сопственик на ФОН Универзитетот Сефер Цаноски, кој минатата година се ожени со убавата банкарка од Турција, Сезен.

Тие двајцата се запознале сосема случајно, на една од улиците во Таксим, каде тој пиел кафе. Раскажуваат дека им се случила љубов на прв поглед и како била вистинска среќа што се пронашле во 20-милионскиот Истанбул.

-Никогаш не мислев дека ќе се омажам, ниту пак дека ќе раѓам во Македонија, односно Северна Македонија. Но, ете, животот е непредвидлив. За една до две недели го очекуваме раѓањето на нашето девојче, настан поради кој сме многу возбудени. Од она што досега го видов и доживеав во оваа прекрасна земја, можам да кажам дека мој заклучок е како на Македонија и е потребна љубов и почитување – вели Сезен.

-Драго ми е што бременоста на Сезен минува во најдобар ред. Моите две деца, Каан и Каја се многу радосни што ќе добијат сестричка. Каја како постара дадичка посебно е возбудена, црта, пишува, планира како ќе ја чува и со нетрпение ја чека. Минатата недела на Сезен и беше роденден, имавме прекрасна прослава со многу гости помеѓу кои Влатко Стефановски, Перо Антиќ, Фрчковски, Нано Ружин, Тамара со сопругот и многу други. Таа стекна многу добри пријатели овде, го остави својот живот во Турција поради нашата љубов, и јас се трудам секој ден да и покажам дека ја донесе вистинската одлука со тоа што ја стави нашата љубов над се друго- вели Цаноски.

Додаваат дека нивното мото е како без љубов не може да се живее, функционира, ниту пак работи.

-Искреност, чесност и почит – тоа е она кое што ја храни љубовта – раскажаа Цаноски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This