СЕ АКТИВИРА ВУЛКАНОТ КОСЕЛ: Серијата земјотреси ја активираше вулканската активност на „Дувалото“ во Косел!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По речиси 1.000 земјотреси во само три дена, и десетина посилни денес, од кои седум последователни во само 15-тина минути, се активираше вулканот во с.Косел во охридско, информираат мештаните

 

Попладнево, телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 3.7.2017 год., регистрира силен земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 10км источно од Охрид. Земјотресот се случи во 13 часот и 18 минути и беше со Рихтерова магнитуда 5,0.

Според досегашните податоци земјотресот е почувствувн во епицентралното подрачје со интензитет од VII-VIII степени според Европската Макросеизмичка Скала. Со помали интензитети, земјотресот е почувствуван на цела територија на Република Македнија и околните земји. Податоци за материјлни штети се уште не се пријавени во сеизмолошката опсерваторија.

Вечерва, околу 20.00 часот, се случија 3-4 последователни потреси со магнитуда од 3.5 до 4 степени.

Сулфатарата “Дувало” претставува активна поствулканска појава која се наоѓа во непосредна близина на селото Косел, недалеку од Охрид. Има изглед на минијатурен кратер со пречник од 0,5 м и длабочина од 30 см. Од отворот избиваат гасови на јаглен диоксид и сулфур водород заради што оваа појава во исто време е и мофета и сулфатара.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This