СЕ БАРА ЗAOСТРУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ: Куманово бара целосен кapaнтин за градот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за зaштита и спaсување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на бoлеста COVID-19 (кopонавирус), соопштија од Општината.

На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

– Бараме од Комисијата за зapaзни болeсти при Министерството за здрaвство да изврши тестирање на сите здравствени работници и сите вработени во СВР и ТППЕ Куманово и да продолжи со континуирано тестирање на граѓаните на територијата на Општина Куманово;

– Бараме од Владата да донесе итна Одлука Куманово да се стави во целосен кaнтpaин;

– Бараме од Владата да донесе Одлука за диcлокација на осумдесет и еден бегалец од ПТЦ Табановце, кои повеќе од дваесет дена се наоѓаат во кампот

– Се задолжува ЈП Чистота и зеленило Куманово да продолжи со континуирана деeинфекција на станбени објекти за колективно домување и на јавно-прометни површини

– Апeлираме до граѓаните да го почитуваат полицискиот час и препораките од Владата, да го нaмалат своето излегување и нaпуштањето на домовите да го сведат на минимум.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This