СЕ БАРА OCТAВКA ОД ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Екcплoзијa на зaрaзa кога кај сите други ја снемува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последново деноноќие се регистрирани 127 новозаболени од Ковид-19, објавува Алсат, повикувајќи се на свои извори. Ако оваа бројка биде и официјално потврдена, тоа ќе биде најголем пик од почетокот на епидемијата во нашата земја.

Досега највисокиот пик изнесуваше деновиве со 107 заболени лица, регистрирани за 24 часа.

Во цела Европа, особено во нашиот регион, веќе со недели има драстичен пад на заразата, во некои земји скоро и да нема нови заразени, иако таму нема полициски час и слободни за работа се сите работни места вклучително ресторани, туризам па дури има и навивачи на спортските натпревари како во Србија. Само во Македонија има експлозија на ново заразени.

На социјалните мрежи и во медиумите се почесто се бара оставка на министерот за здравство Венко Филипче, а дополнително што заради непочитување на мерките за заштита половина од раководството на неговата партија СДСМ се заболени или во карантин што говори дека токму владејачката партија не ги почитува мерките кои ги препорачува на другите.

Министерството за здравство и министерот Венко Филиче немаат одговор ниту решенија за оваа експлозоја на заразата туку чекаат таа да се смири сама од себе, без оглед на послеиците од тоа. Македонија, инаку, е единствена држава во регинот која за над три месеци епидемија не купи ниту еден респиратор кој е неопходен за лекување на најтешко болните од корона вирус, а најголем дел од тестирањата на вирусот се вршат во приватни клиники а не во системот за јавна здравствена заштита.

Лекарите и медицинскиот персонал во Македонија имаа најлоши услови за работа од сите во регионот, опремата за заштита ја купуваа сами или се добиваше од донации а не се набавуваше од државниот здравствен систем и со државни пари, како што и за сместувањето на заразени или во карантин работата ја заврши приватниот а не јавниот здравствен сектор.

Практично, државата и јавниот сектор од сите активности редовно одработија само прес конференции но, дека тоа нема никаква функција покажува и експлозијата на епидемијата сега, кога кај сите други во Европа таа исчезнува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This