April 18, 2024, 11:57 am

СЕ БРЗА СО ПОСТАВУВАЊЕТО НА ТАБЛИТЕ: Поставени новите табли долж автопатот кој се викаше „Александар Македонски“ во пресрет на посетата на Коѕијас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Телевизија Алфа објавува дека на местото на тргнатиот споменик на Александар Македонски од внатрешноста на аеродромот остана да сведочи само црниот постамент, а се чекаат и буквите кои треба да стојат на главната терминална зграда на преименуваниот Меѓународен Аеродром Скопје.

Желбата на Коѕијас да биде првиот функционер кој од Атина би дошол во Скопје на веќе преименуваните аеродром и автопат се исполнува. Останува шефот на грчката дипломатија да реши како сака да патува кон Скопје. Денес се поставени новите табли со новото име на автопатот „Пријателство“. И Скопскиот аеродром е подготвен за слетување на авионот на грчкиот министер за надворешни работи.

Телевизија Алфа објавува дека на местото на тргнатиот споменик на Александар Македонски од внатрешноста на аеродромот остана да сведочи само црниот постамент, а се чекаат и буквите кои треба да стојат на главната терминална зграда на преименуваниот Меѓународен Аеродром Скопје.

Се е подготвено за доаѓањето на грчкиот министер за надворешни работи и пакетот од 20 страници кој Коѕијас ќе го сервира во Скопје.

– Јас претпоставувам дека министерот Никос Коѕијас очекува да биде подготвен аеродромот за слетувањето на авионот од Атина во Скопје. Се надевам дека ќе биде веројатно почетокот на идната недела, или во текот на идната недела, поради тоа што пред сè се работи за важна средба, кажа Заев.

Додека Коѕијас, се подготвува да слета во Скопје и тоа со државен авион, што би бил прв таков лет по 12 години, неговиот заменик Јанис Аманатидис, преименувањата ги коментира како „отстранување на симболите на иредентизмот“.

– Тоа се потези на добра волја и покажуваат дека постои политичка волја и покрај изјавите што се даваат, но мислам дека треба да се задржиме на суштината на преговорите, вели Аманатидис.

Сепак официјална Атина и покрај преименувањата и отстапките од македонска страна има големи барања за решавање на спорот. Грција и не е така расположена како Македонската Влада за решавање на спорот и не се брза. Коѕијас неодамна порача дека е можно да се забрза процесот за негово решавање во март доколку Заев е покомпромисно расположен. За разлика од него премиерот Заев вчера од Бугарија порача дека е убеден во решавањето на деценискиот спор со Грција. Оптимистично најави дека не е на одмет спорот за името да се реши во март, во април Македонија да добие безусловна препорака а во јуни датум за преговори за членство во ЕУ, анализира Алфа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This