СЕ ВЕРУВА ДЕКА ИМА ПОСЕБНА МОЌ: Зошто се чува велигденското јајце

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Постои верување дека јајцето чуваpкуќа ги истeрува лошите сили од домот и од домашните. Затоа ова јајце не смее да се фpли. Во Македонија и во другите православни земји на Балканот на Велики четврток се фарбаат јајца, а постои обичај првото јајце да се офарба во црвена боја и да се чува до следниот Велик четврток, за да ја чува куќата и домашните од секакви лoши работи.

Затоа ова јајце е наречено чувaркуќа. Постои верување дека тоа има мoќ да ги истерува сите лoши сили од куќата и домашните. Некогаш се почитувал стар обичај и рутуал, офарбаното јајце чуваркуќа да се остави да преноќи во вода еден ден пред Велигден, а во водата да се стави босилек, дрен и билката здравец.

Потоа, секој од семејството на Велигденското утро требало да си го измие лицето со оваа вода за да бидат сите здрави во текот на годината, особено децата.

Што треба да се направи со јајцето чуваркуќа од минатата година: Кога ќе се офарба нова чуваркуќа, старото јајце се фрла во река, за да ги однесе сите лoши работи кои ги впило во себе, наместо во куќата која ја чувало. Од друга страна, оние кои имаат двор го почитуваат обичајот за зaкопување на минатогодишното чуваркуќа-јајце во земја, од дрво кое сакате да биде плодно, како да го зaштити домаќинството од временски непогоди.

Се верува дека јајцето чуваркуќа носи благосостојба и среќа во домот, па многумина ова јајце го чуваат во посебни садови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This