Се ветуваа брда и долини за да се смени името, сега Заев заврши со вето – треба да се понесе одговорност за тоа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес во предновогодишното издание на дебатната емисија на “ТВ Клан” свое интервју даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за лошите владини политики, ветото од Република Бугарија, како и за перспективите на Република Македонија.

Мицкоски вели дека еден од причинителите на проблемот со Република Бугарија е и Зоран Заев, кој ветувал брда и долини на лидерот од соседството, само за Македонија да добие зелено светло за ЕУ.

Епилогот од денешната ситуација е дека Македонија не само што не доби датум за преговори со ЕУ, туку доби вето од Бугарија. Мицкоски вели дека е убаво да се има отворен дијалог со Република Бугарија, но за работи кои што се од огромно значење на двата народи.

-Може да се разговара за железница, автопати, меѓусебна соработка во однос на компјутерските технологии итн, кои што реално би ги подобриле условите за двата народи, но не е коректно да се зборува за национален идентитет кој директно ги погодува Македонците како нација, додаде Мицкоски.

-Бриселските бирократи наместо да молчат и поддржуваат вакво однесување од страна на одредени земји, треба да дозволат македонскиот народ да покаже и докаже дека е зрел за да биде дел од тоа европско семејство, поради тоа што во многу наврати македонскиот народ тоа го покажал. Тука не станува збор само за Македонците, туку за сите етнички заедници кои живеат во Република Македонија, вели Мицкоски. Бирократијата во Брисел која што зема грдни пари за нивната работа, треба да посвети внимание на овој случај и да биде реален во донесувањето на одлуките. Македонскиот народ е спремен за европски предизвик и сигурно ќе ја искористи шансата за покаже дека македонскиот народ отсекогаш бил дел од европското семејство, заврши Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This