April 24, 2024, 11:27 am

СЕ ВЛОШУВААТ ЛИ ОДНОСИТЕ ПОМЕЃУ ЕУ И САД: Од 2021 на американските државјани ќе им се потребни визи за патување во ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската унија ќе воведе визи за Американските граѓани во 2021 година, кои патуваат во 26 земји во Шенген зоната. За оформувањето на документите кои ќе следуваат, Американците ќе треба да ги покажат своите пасоши, своите кредитни картички и да покажат електронска адреса. Истата виза ќе трае 3 години, без разлика колку ќе патуваат.

Соединетите Американски држави и Европската Унија имаат многу нерешени долги прашања околу визите за Бугарија, Хрватска, Полска, Романија и Кипар. Од цела ЕУ, само граѓаните од овие пет земји мораат секогаш да аплицираат за визи за патување во САД.

Во 2016 година Европската комисија објави извештај во кој САД се повикуваат да ги укинат визите за овие пет земји, како и за останатите 23 земји членки на ЕУ.

За возврат, Америка би се задржала на истиот безвизен режим за патување во Шенген зоната. Но, бидејќи Вашингтон не го стори тоа, а законите на Европската Унија важат исто за сите земји членки на унијата, Европскиот парламент претходната година во јуни, изгласа воведување на визи за граѓаните на САД.

Одлуката на ЕК сепак стапува во сила во 2021 година, до како што се наведува „завршувањето на мандатот на претседателот Трамп, кога ќе стапи целосен визен реципроцитет”.

Во моментов американските државјани во ЕУ патуваат без виза и имаат дозволен о престој до 90 денови во Европа.

Европската Унија (ЕУ) е наднационална и меѓувладина Унија (заедница) на 28 земји-членки. Европската Унија е најголемата конфедерација на независни држави во светот, основана под ова име во 1993 со Договорот за Европска Унија (Мастришки договор).

Сепак, многу аспекти од Унијата постоеја и пред оваа година преку серија на претходни договори, кои датираат од 1951.
Активностите на ЕУ ги покриваат сите области на јавната политика, од здравството и економската политика до надворешната политика и одбраната.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This