April 19, 2024, 12:06 am

Се возобновува научно-стручното списание „Безбедност“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа Прв состанок со меѓународно уредувачкиот одбор со еминентни професори од повеќе високообразовни институции меѓу кои и професори од Факултетот за безбедност при Универзитетот “Свети Климент Охридски“, предводени од деканот проф.д-р Никола Дујовски, во врска со иницијативата за возобновување на научно-стручното списание на Министерството за внатрешни работи – „Безбедност“, што претходно во континуитет излегуваше од 1960 до 1998 година.

Министерот Спасовски прифаќајќи ја иницијативата на Факултетот за безбедност истакна дека реактивирањето на научно стручното списание ќе биде од полза како за вработените во министерството за внатрешни работи, така и за делот од академската заедница кој се занимава со сферата на безбедноста, но и за пошироката јавност.

Притоа, особено е важно што идејата во основа не само што цели кон обновување на списанието, како публицистички производ , туку и кон негово меѓународно етаблирање како научно-стручно списание кое ќе нуди можност за пласирање квалитетни, домашни и странски, стручни трудови и теми од областа на безбедноста. Интенцијата е да се формира, меѓу другото, и меѓународен програмски одбор составен од научни работници од најмалку три земји , со што ќе се овозможи индексирање на публикацијата во најмалку една елетронска база на списанија со трудови достапни на интернет како Ebsco, Web of Science, или SCImago Journal Rank. Истовремено публикацијата која што би се печатела два пати годишно би се печатела и на англиски јазик.

На средбата беа прецизирани рокови за технички подготовки на списанието чиј што нов број се планира да излезе до крајот на јуни годинава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This