April 19, 2024, 11:52 am

СЕ ВРАТИЈА ЛИ БЕГАЛЦИТЕ: На автопатот кај Гевгелија откриени 43 мигранти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На автопатот Гевгелија –Скопје, кај клучката „Прдејци”, вчера во 14.00 часот полициски службеници запреле товарно возило „ивеко деили” и при преглед пронашле 43 мигранти.

Како што денеска соопшти МВР товарното возило било управувано од Ш.Е.(21) од Косово, а сопственост на А.Ќ.(28) од скопското село Арачиново.

– При преглед во возилото биле пронајдени 43 мигранти од Пакистан, Индија, Кашмир и Авганистан. Мигрантите биле приведени во Полициската станица за Граничен премин „Богородица”, а возачот бил лишен од слобода и предаден во Полициската станица Гевгелија. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This