March 29, 2024, 12:53 pm

СЕ ВРАТИЈА ОД ОДМОР И ПОЧНАА СО ЛАГИ: Кои се апетитите и ингеренциите на големите играчи?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одредени таканаречени медиуми, вчера уште веднаш откако одморија на плажите во соседството, повторно продолжија со полна пареа со објава на уште еден стокмен текст од страна на одредени аналитичари или таканаречени “експерти и загрижени страни” во случајот БПХЛ – Макпетрол.

Atanas-Kirovski-firmi

Следејќи го целиот случај, чувствуваме одговорност да го искажеме нашето мислење. Се прашуваме зошто македонските институции треба да ја имаат клучната одлука односно одлучувачката улога во врска со едно вакво бизнис прашање кое што ќе доведе до дозвола само ако заинтересираната страна за преземање, БПХЛ, ги исполни бараните услови и ги достави бараните документи до комисијата.

Зошто упорно Макпетрол се обидува да ги прикрие прашањата кои секој ден тропаат на негова адреса со поставување на други прашања до институциите?

Истотака се прашуваме, како може компанија која што вели дека е во одлична форма, и вели дека е добра во бизнисот во кој што функционира, веќе 2 месеци неможе да сфати или пак да признае дека компанијата која што е наменски отворена во Велика Британија за преземањето на Макпетрол, со влог од 1.000 евра, обезбеди банкарска гаранција од УБС Швајцарија, па и покрај тоа Макпетрол сè уште неможе да се помири дека бизнисмените Каплан и Смузиков се милијардери кои се наоѓаат на познатата листа на Форбс.

Јосифовски, според своето досегашно долгогодишно бизнис искуство, посебно во полето на нафтената индустрија и законската регулатива околу истото, би требало заедно со својот менаџмент во Макпетрол да се многу добро запознаети со законските норми и бизнис практики во оваа индустрија, но изгледа дека тие можеби свесно се одлучуваат да ги заборават во одредени ситуации.

Во бизнис круговите во Македонската бизнис заедница, Јосифовски е познат како голем гурман и апетитлија, посебно како голем љубител на кајмак, кој го собира не само од своето топло гнездо во Макпетрол, туку и од многу други фирми и бизнис ентитети. Според тоа, би било сосема разбирлива неговата реакција и онаа на неговиот менаџмент во Макпетрол доколку некој се меша во неговите лични апетити. Зошто би се објавувало дека инвеститорите кои сакаат да го преземат Макпетрол земале нешто, кога за да ја земат црешата со шлагот, Андреја прво треба да ја врати тортата назад.

Дополнително, аналитичарите и експертите кои се занимаваат со случајот, би било убаво, правилно и професионално, да се потрудат и да ја анализираат формулата за успешност на Макпетрол во последните неколку месеци, откако дознаа дека се појавија милијардери кои сакаат да ја преземат оваа компанија. Според нас, ова е интересен случај за анализирање.

Во врска со записите и објавите во македонската јавност, дека капиталот на најголемата нафтена компанија во државата, наместо да остане во земјата, по преземањето би се одлевало во непознат правец односно содржината на наведените фиктивни сценарија кои велат дека БПХЛ и нејзините инвеститори, ќе го зграпчат и ќе го иселат капиталот вон гранците на Македонија, се доволен доказ да ни се разјасни дека Јосифовски всушност пробува да исценира приказна со наметнување на повторување на историјата. Прелевање на капитал не е искуство со кое секој би можел да се пофали во денешно време. Само најискусните и најлукавите ја имаат оваа “среќа”.

Но за жал, забелешките од адресата на ТВ Телма и Макпетрол константно се вперени и насочени кон големите експерти и, кои зад себе можат да се пофалат само со успеси, со заедничко тимско работење, преземања на компании и подобрување на истите, и квалитетно работно искуство во нафтената индустрија во компании како големите гиганти како што е на пример ТНТ-БП.

Дополнително, упорно се удира во празно и тие константно ја споменуваат ситуацијата и историјата на рафинеријата РАФО од Романија, но се прашуваме зошто не се јават кај бизнисменот Ури Бидер и директно не го прашаат за вистината како што ние го направивме тоа. Вистината е дека овој бизнисмен, во Македонија е вработен во АЛОВ АД. По неговото влегување во АЛОВ, оваа компанија е во пораст, со зголемен број на вработени и подобрено оперативно работење, со придобивање на нови успеси и креирање на нови успешни зделки со нови клиенти и подобрување на односите со постоечките. Но интересно е што во никој случај, и покрај пишувањата на одредени медиуми во јавноста, Бидер нема никаква врска со БПХЛ.

Од почетокот на целиот случај, експертите се едногласни за влијанието на влегувањето на странски капитал врз домашното стопанство, но одредени информации кои се произнесени во јавноста за Европската Енергетска Заедница и надлежноста на истата и поврзаноста со случајот БПХЛ – Макпетрол, е само обид да се манипулира јавноста, бидејќи истата оваа спомната институција законски нема никакви ингеренции во насоката во која што е спомната.
Енергетската заедница е меѓународна организација која се занимава со енергетска политика. Организацијата е основана со меѓународен договор во октомври 2005 година во Атина, Грција, a договорот стапи на сила во јули 2006 година и истиот ги среќава од една страна Европската унија и од друга страна земјите од регионот на Југоисточна Европа и Црно Море. Главната цел на организацијата е да се прошири внатрешниот енергетски пазар на ЕУ во земјите од Југоисточна Европа и пошироко, врз основа на правно обврзувачки рамка. Нивните цели се:
• Привлекување на инвестиции во производството и мрежите со цел да се обезбедо стабилно и непрекинато снабдување со енергија која е од суштинско значење за економскиот развој и социјалната стабилност;
• Да се ​​создаде интегриран енергетски пазар ќе овозможи прекугранична трговија со енергија и интеграција со пазарот на ЕУ;
• Подобрување на сигурноста во снабдувањето;
• Подобрување на состојбата на животната средина во однос на снабдувањето со енергија во регионот; и
• Подобрување на конкуренцијата на регионално ниво и придобивките во економиите.
Мисијата на Енергетската заедница е да се прошири внатрешниот енергетски пазар на ЕУ на земјите од Југоисточна Европа и пошироко врз основа на правно обврзувачки рамка. Главниот инструмент за постигнување на оваа цел е усвојување на законодавството на ЕУ, т.н. “acquis communautaire”, во енергија и сродни области. До денес, околу 25 закони се вградени во законската рамка за енергетска заедница, која опфаќа гас, електрична енергија, сигурноста на снабдувањето, обновливите извори на енергија, нафта, енергетска ефикасност, животна средина, конкуренција и статистика. На Енергетската заедница, исто така, може да се преземат мерки за да се создаде единствен енергетски пазар.
Повеќе за ова може да се дознае на следниот линк:
https://www.energy-community.org/portal/page/portal/ENC_HOME/MEMBERS

Смешни се намерите за провокација на Владата и институциите, кои не ги засега ова бизнис прашање, а јасен е притисокот кој што веќе два месеци Макпетрол се обидува индиректно да го испрати до адресата на институциите кои што професионално и темелно пристапија на проверка на документацијата и целата процедура за преземањето.

Само за потсетување, инвеститорот БПХЛ на 9 јуни и официјално ја објави намерата за преземање на Макпетрол и оттогаш тече постапката за преземање, а во моментот се очекува официјален одговор од Комисијата од Хартии од Вредност.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This