СЕ ВРАТИ ЖИВОТОТ: Тројно убиство во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голема трагедија се случи утринава околу 10 часот во скопското село Глумово. Жртва на трагедијата е Авдиљ Сулејмани,  Да биде трагедијата уште поголема, убиени се и неговиот син А.С. и неговиот внук Ар.С., од раката на истиот убиец.
Убиец на Авдиљ е неговиот роден брат Шабан. И Шабан веќе не е меѓу живите. Откако му пресудил на Авдиља, Шабан не сакал да се предаде на полицијата, туку си го одзел животот.

Шабан убиството го извршил со пиштол, среде улица во Глумово. Како на филм!

Во моментов се чека на местото на настанот да дојде екипа на Судска медицина. Селото е блокирано од силни полициски сили.

Увидни екипи раководени од дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје вршат увид во куќа  во Ѓорче Петров, каде што претпладнево биле пронајдени телата на две починати лица.

Веднаш по завршувањето на увидот, екипите ќе се упатат кон селото Глумово, каде што се пронајдени телата на уште две лица. Според првичните информации,од ОЈО наведуваат дека  двата настани се поврзани, а сите починати лица биле во крвно сродство.

Во настаните уште едно лице е повредено. Тоа е хоспитализирано и врз него е извршена хируршка интервенција.

Во меѓувреме, до увидот, локацијата во селото Глумово се обезбедува со полициски екипи.

Јавниот обвинител издаде наредби за прибирање на сите траги и материјални докази пронајдени на лице место, кои подоцна ќе бидат испратени на вештачење. Телата на починатите лица ќе бидат предадени на обдукција. Интензивно се работи на расветлување на настанот и утврдување на мотивите.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This