СЕ ДОВЛЕЧКАА ДО ФУНКЦИИ: Од новинарски влекачи до директори на СДС!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога партијата ти е составена од неспособни кадри како Љупче Николовски, а лидерот за советник за култура ја зема Цветанка Ласкова, тогаш е јасно дека СДС нема доволно способни кадри кои би требало да ги унапредат и „професионализираат“ институциите кои ги превземаат

Така, СДС во недостаток на квалитетен кадар мора да се определи на прибирање на отпадоците од ВМРО-ДПМНЕ, кои едноставно не успеале да се изборат помеѓу квалитетниот кадар со кој располага ВМРО-ДПМНЕ.

Еден од овие кадри, отпадоци од ВМРО-ДПМНЕ доби шанса да биде директор во владата на СДС и тоа на државната компанија МЕПСО. Љупчо Зиков, човекот кој цели 11 години како економски „експерт“ и новинар од уста не го вадеше Груевски и пофалните зборови за владата на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, Зиков немаше доволно капацитет да биде дел од победничкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, па си остана само тоа. Потпросечен новинар.

https://www.youtube.com/watch?v=qcjAXnnLtYo

-Претседателе да ве поздравам, многу ми е мило што сме на разговор вечерва. За почитивање е новата инвестиција од 200 милиони ерва во Валандово. Јас сум од групата луѓе кои една победа на национално ниво ја гледам преку победничка економска приказна, нешто што се обидуваа сите влади да го направат, некои повеќе некои помалку успешно, но вие ваеријатно, сите ќе се согласат, вие најдобро го направивте тоа, рече Зиков во емисијата на Миленко Неделковски.

Освен Зиков, директорск место доби и новинарскиот влекач Драган Антоновски. Човекот кој половина свој живот го посвети на плукање по СДС, а другата половина по лижење на тоа што го исплукал.
Во случајот на Антоновски, кој додека ВМРО-ДПМНЕ беше власт беше ништо повеќе од обичен репортер и т.н. новинарски влекач кој на секој начин се обидуваше да се додвори на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и така да профитира. Секако, за разлика од новите другарчиња на Драган Антоновски, во ВМРО-ДПМНЕ немаше простор за вовлекувачи па беше оставен на слободна проценка на пазарот. Потпросечен новинар во „режимска“ телевизија.

 

Но, со доаѓањето на власт на СДС, Драган Антоновски кој три години лижеше по плуканиците кои ги исплукал против СДС доби ново работно место. Сега, Драган Антоновски е директор на државната информативна агенција МИА.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Драган Антоновски, мој колега од Сител кој е дел од тие кругови, се потпишува под проглас на СОРОС против уредник и против прилози на сопствената редакција. Око не му трепнува, и нема срам од своите колеги со кои работи. Истиот Драган Антоновски повеќе од една година не работи ништо, а прима плата од Сител. Држи место на некој новинар кој нема работа, а би сакал поштено работи во својата професија и биде платен за тоа. Антоновски нема ништо против Сител да го плаќа за ништо, но има против уредувачката политика на Сител. Се брани од отказ со тоа што бил синдикален функцинер на новинарски синдикат кој никаде не е дел од синдикална органзиација. Тоа е карактерот на таа групација. – објаснува Драган Павловиќ – Латас, инаку досегашен претпоставен на Драган Антоновски.

 

[/kopa_block_quote]

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This