По неколкучасовни преговори во Клубот на пратеници, четворицата лидери потписници на договорот од Пржино, се договорија изборите да се одржат на 11 декември
Според нашите информации, до крајот на неделата ќе се гласа преодна влада, која што ќе раководи се до изборот на новата влада на овие предвремени парламентарни избори. Министер за внатрешни работи во преодната влада повторно ќе биде Оливер Спасовски од СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите услови на СДСМ само за да не даде уште едно алиби за одложување на изборите. Ова го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред да ги напушти преговорите. Тој појасни дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да потпише се што ќе договорат останатите три партии и нагласи дека остава СДСМ, ДУИ и ДПА да се договорат за петтиот член на ад-хок комисијата.
СДСМ не сака решение во МТВ кое што е независно или непристрасно, туку сакаат партиско решение, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во изјава за медиумите.
-Тие ја предложија Санта Агирова, поранешен шев на кабинет на Илинка Митрева, поранешен министер за надворешни работи на СДСМ, како и потпретседател на СДСМ во годините наназад, додаде тој. А според информациите и член на „шарена револуција“ со што има прилично изразено политичко мислење и став и со тоа се покажа дека практично целта на СДСМ не е да има некоја непристрасна, личност која навистина ќе биде неутрална и нема да припаѓа на едната или на другата страна туку едноставно сака партиско решение, рече Груевски.
-За да не им даваме можност повторно да избегнуваат избори и тоа да им биде причината да ги одложат или избегнат ние им го прифаќаме тоа решение 9и сега им го соопштивме тоа. Втора работ а е поврзана со прашање кое што го отворија и е поврзано со методологијата која е очигледно втората точка на која сакаат да ги одолговлекуваат работите ние им го потфативме и тоа. Каква сакаат таква ќе ја прифатиме,а кажаа што сакаат и тоа им го прифаќаме. Така што елиминираме уште една можност за да ги одолговлекуваат изборите. Третата работа е поврзана со петтиот член на ад хок телото кое согласно претходниот договор треба да биде лице од албанска националност и тука нашата позиција е дека оставаме албанските партии и СДСМ тие да постигнат согласност, како ќе се договорат, тоа лице ние ќе го прифатиме. И сакаме да не им помогнеме во било каква нивна намера да најдат алиби или изговор за одлагање на изборите на 11 декември, самоуверено соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.