СЕ ЕКИПИРА ТИМОТ ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ: Во еден ден доделени фантастичи 300 решенија за вработување на партиска полиција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нова чистка денес се случува во МВР, откако во очи на најголемиот безбедносен настан „Суперкупот“ во Скопје, Оливер Спасовски насилно сменил стотина професионалци од министерството и поделил 300 решенија за партиските војници

Како што дознаваме, во МВР се врши груба партизација на полицијата, а од извори познати на редакцијата се работи за луѓе кои биле вработени по препорака на СЈО или со партиска книшна на СДС. Дополнително, истиот извор тврди дека се работи за лица кои се екипираат за поддршка на фалсификатот на следните локални избори кои треба да се одржат на 15-ти октомври.

Освен ова, без почитување на законската регулатива, насилно и со уцени притоа непочитувајќи го системот за кариера направени и доделени се нови решенија за старешини на регионално и локално ниво, а сите без исклучок се партиски кадри.

Со ова, уште еднаш се докажува дека ветувањата за департизација на полицијата е само гола демагогија на Зоран Заев и Оливер Спасовски, кој за министер за полиција дојде од позицијата потпретседател на политичка партија. Освен ова, во министерството како негови лични советници и кабинет се вработени исклучиво партиски кадри, притоа непочитувајќи ги веќе вработените професионалци, но и законските регулативи и стандарди.

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This