СЕ Е СПРЕМНО ЗА МАЛИОТ АЛЕКСАНДАР: Пријовиќ и Филип искеширале пет илјади евра за детската соба!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ за помалку од три месеци ќе станат родители на Александар, а младата двојка одлучила ништо да не препушти на случајноста, па со време ја подготвуваат собата за идниот наследник.

Најмалиот член во семејството Живојиновиќ во станот на Вождовец ќе има своја соба за која познатите родители искеширале пет илјади евра.
Александра и Филип живеат во стан во населбата Степа Степановиќ кој го спремија да биде нивно семејно гнездо. Саа да бидат самостојни, па поради тоа после свадбата не прифатија да живеат во вилата на Брена и Боба. Иако е во шестиот месец од бременоста активно работи на новиот албум, а во паузите меѓу снимањата заедно со Филип се посветени на уредување на собата за наследникот, а многу и помага и нејзината мајка Борка која цело време е со неа, открил извор близок до пејачката.

Собата ќе биде во бела, сива и небесно сина нијанса. Веќе купија и облека за Александар, но и играчки. Душекот за креветчето е нарачан од Америка и треба да пристигне наскоро, а целото уредување ги чинеше многу, околу пет илјади евра, заклучил изворот.
Инаку, Александра неодамна откри дека ќе се породи во Србија иако се шпекулираше дека малиот Александар на свет ќе го донесе во Америка каде Филип има приватен бизнис.
Со Филип одлучивме да се породам во Белград, така е најдобро. На Александар ништо нема да му значи во животот дали е роден во Европа или Америка, а нашите клиники по стручност се во ист ранг со светските, рече Пријовиќ.

Извор:ubavinaizdravje.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This