СЕ ЗАБИЛ ВО ЅИД СО „БМВ“: Маж се бори за живот на скопските клиники, откако со БМВ-то излетал од патот и се забил во ѕид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Маж се бори за живот по тешката сообраќајна несреќа што се случила вчера наутро во 07.00 часот во с.Долно Палчиште, тетовско.

Управувајќи со патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, И.К. (54) од с.Долно Палчиште, излетал од патот и удрил во бетонски ѕид. Од ударот И.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничка болница Тетово, од каде како итен случај во неконтактибилна состојба бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде бил задржан на лекување и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Тетово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This