СЕ ЗАПАЛИ КАМИОН ВО ДВИЖЕЊЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Камион со приколка попладнево се запали во движење, на патот меѓу кавадаречките села Раец и Фариш. Информацијата ја потврди Илчо Богевски, командир на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.

Тој посочи дека камионот бил со косовски регистарски ознаки и пренесувал руда.

– Всушност, се запалиле задните гуми од приколката, најверојатно поради неисправни кочници. Возачот веднаш го прекинал движењето и го отстранил камионот од патот. Од гумите, огнот се проширил на шасијата на приколката, изјави Богевски.

Најбрзо што можеле, двајца пожарникари стигнале на лице место со едно противпожарно возило.

-Успеавме да го изгаснеме пожарот и да не дозволиме да се прошири на главата на камионот, додаде Богевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This