April 25, 2024, 12:33 am

СЕ ЗАПОЗНАА НА„SURVIVOR“ И СЕ УШТЕ СЕ ЗАЕДНО: Нивната љубов трае со години а крунисана е со ќерка и син!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Реалното шоу беше местото каде се запознаа и се заљубија еден во друг.

Едномесечната авантура на Филипини во реалното шоу „Survivot“ се претвори во нешто многу повеќе, па манекенката Бојана Баровиќ и пејачот Никола Роквиќ стапија во брак.

Нивната љубов трае со години, а ја крунисаа со раѓањето на ќерката Леона во 2016-та година. Тие се горди родители и постојано споделуваат слатки фотографии од неа.

Никола и Бојана деновиве станаа родители на уште едно дете. Имено Бојана на свет го донесе Симеон, кој го доби името по празникот.

– Бог не благослови денес со нов член на семејството. Храбрата мама Бојана на свет ја донесе нашата љубов Симеон- напиша популарниот пејач на својот профил на Инстаграм.

– Секој кој не познава, знае колку е Лена е поврзана со мене (да не кажам посесивна), и затоа пред нас е огромна задача да го направиме доаѓањето на братчето полесно и поблиско на сите можни начини. Секој ден го гушкаме бебето, ја средуваме заедно неговата облека, го местиме креветчето, а имаме и неколку кукли бебиња каде што вежбаме менување на пелени, хранење и сл. Засега можам да кажам дека е многу среќна што ќе добие брат, а јас сепак малку скептична дека сето тоа така лесно ќе помине – раскажа убавата манекенка Бојана, непосредно пред раѓањето.

Никола пак во една прилика потврди дека малата Леона едвај чека да го чува своето братче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This