СЕ ЗАСИЛУВА СОРАБОТКАТА МЕЃУ СЕСТРИНСКИТЕ ПАРТИИ: Мицкоски со свое обраќање на „Современи алатки за политичка комуникација“, во заедничка организација Политичката Фондација на ЦДУ – Фондацијата Конрад Аденауер и ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес се отвори повеќе дневна дигитална конференција со наслов „Современи алатки за политичка комуникација“, во заедничка организација Политичката Фондација на ЦДУ – Фондацијата Конрад Аденауер и ВМРО-ДПМНЕ, соопштија од партијата.

Пред учесниците прв се обрати Директорот на Фондацијата Конрад Аденауер, Норберт Бекман. Спoред Бекман соработката помеѓу Фондацијата Конрад Аденауер и ВМРО-ДПМНЕ се одвива на исклучително ниво врз основа на висок степен на взаемна доверба и се очекува да продолжи со засилена динамика. Бекман кажа дека е потребно посебно во вакви кризни времиња да се засили соработката помеѓу сестринските партии.

Свое обраќање имаше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ д-р Христијан Мицкоски. Мицкоски нагласи дека и покрај огромната kpиза која произлегува од состојбите од глобалната пaндемија, фактот дека се организира заедничка Конференција со Фондацијата Конрад Аденауер е доказ дека германската политичка фондација останува силно посветена на политичкото партнерство и градењето на капацитетите на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски истакна дека во овие kpизни моменти ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи во нудење на решенија за здравствените и економски прeдизвици ставајќи ја нашата земја и нејзините граѓани пред се.

Обуката предвидува пренесување на најсовремените вештини од областа на современата политичка комуникација од страна на повеќе домашни и странски експерти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This