СЕ ЗАТВАРААТ СИТЕ СПРОТСКИ ОБЛОЖУВАЛНИЦИ: Албанскиот премиер со закон ги забрани сите обложувалници и онлајн обложување!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата во Тирана одлучи од 1.јануари наредната година да ги затвори сите спортски обложувалници во земјата, што е предвидено и дополнето со Законот за игри на среќа, а премиерот Еди Рама порача дека нема да има ниту „онлајн монополи“

Рама во изјава за албанскиот „Топ канал“ се пожалил дека на мобилниот телефон му пристигнуваат голема бројка на пораки против затварањето на обложувалниците.

Уверен е, вели, дека станува збор за оркестрирани пораки на затвореници, кои како што вели, се кријат позади одредени компании, пренесе Танјуг.

„Црните пари од обложувалниците ги подгреваат гласините дека ќе дојде до монопол на онлајн обложувањето. Од нова годинан нема да постојат обложувалници и онлајн обложување“, порача Рама на својот Твитер профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This