Се затвораат рестораните и кафулињата во Грција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчкото здружение на угостителски објекти и центри за забава, одлучи и им предлага на членовите од 16 до 22 септември да ги затворат кафулињата, баровите, рестораните и сл, во знак на протест, за како што велат, рамнодушноста на Владата за прoблемите во нивниот сектор, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно доставуваат 20 барања меѓу кои ослободување од обврската за плаќање на општинските такси; дозвола за работа и по полноќ; ревидирање на постоечките мерки и забрани за работа на угостителските објекти и кафулињата; намалување на кириите, намалување на ДДВ-то на храната и кафето на шест отсто; даночни олеснувања и сл.

Велат дека во изминатиот период, од почетокот на пaндемијата се обиделе да започнат дијалог со Владата, за одредени нивни предлози за заштита на конкретниот сектор, но наишле на незаинтересираност и затоа донеле одлука да одоговорат со „континуиран локдаун“. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This