Се за да се спacи: Дали Заев ги пушти низ вода СЈО и Јанева?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тоа за мене е институционално прашање од причина што Јанева и нејзиниот тим на обвинители што работат беа во едно многу тешко време, трошката надеж на враќање на правната држава, која ете почна да се враќа во нашата земја. Јас сум убеден дека не смееме да испраќаме лоши пораки до оние кои опстоиле, пркоселе, верувајќи во државата, во системот, во Уставот и законите во едно тешко фвреме. Треба да ги поддржиме нивните капацитети.

Вака во март годинава, во интервју за државната МИА, премиерот во заминување Зоран Заев ја бранеше поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во преговорите со опозициската ВМРО-ДПМНЕ околу новиот закон за јавното обвинителство, со кој требаше да биде решен, меѓу другото, и идниот статус на целиот тим специјални обвинители и на вработените во СЈО. Но, развојот на настаните се покажа дека Катица Јанева како црвена линија во преговорите била само лоша инвестиција на власта, зашто трошката надеж за враќање на правната држава, всушност, се претвори во корумпирана правда.

Сега, неколку месеци подоцна Заев одново се стави во улога на бранител, овојпат на тимот на Јанева.

-Сите знаеме дека специјалните јавни обвинители добиваа поголема плата за некои 300 до 500 евра, не знам колку е поголема платата од другите јавни обвинители заради тоа што сериозно презедоа и одговорност и преку додатоците за чувањето на самите материјали коишто носат своја дополнителна одговорност во целиот тој дел. Нема да дозволам да се фрли негативно петно врз јавните обвинители. Постои истрага за државниот специјален јавен обвинител, но за другите не е коректно и треба да се праша да ги кажат сите детали и целата анализа кој е тој дел што е примен како надоместок во делот на додатокот, за сигурност на материјалите за сериозност или за доверливост, и која е вистинската номинална нето плата која што ја земале специјалните јавни обвинители, изјави тој по потпишувањето Меморандумот за соработка со швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Техада за Проект за поддршка на изборите реформи.

Но, по се изгледа, премиерот во заминување како да нема среќа со неговите миленици од специјални обвинители. Зашто, делува провидно обидот да се оправда добивањето енормни надоместоци за нешто, што е должност и не се плаќа со пари, а се именува како доверливост. Оттука и дилемата дали бранејќи ги специјалните обвинители, всушност, премиерот во заминување се обидува да се брани самиот себеси?!

Има неколку индикативни случајности, кои, нели, никогаш не се случуваат случајно. На пример, зошто Владата ја промовираше алатката Отворени финансии за транспарентност за трошењето на буџетските средства токму сега? И ова сега треба да се подразбере токму во моментот кога шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, влезе во отворен конфликт со судството преку СМС пораката за „тресење од гаќи“ на судиите од Апелација, кои на Катица Јанева и ја заменија мерката притвор со мерка куќен притвор. И што е уште почудно, првата информација, што излезе во јавноста од воведувањето на владината алатка, беше токму таа за надоместокот, што си го доделувала Јанева, а потоа се прошири и на останатите обвинители и вработени.

Така се случи Рускоска, наместо да ги „тресе од гаќи“ судиите, да влезе во СЈО за да го провери неговото или, подобро речено, финансиското работење на Јанева. И вака, навидум, изгледа многу убаво за око ако тоа е навистина вистинската цел, а не нешто друго. А, не смее да се заборави дека на еден од своите настапи пред избивањето на аферата „Рекет“, Катица Јанева обелодени дека има докази за постоење криминал и корупција и за лица од власта.

Наспроти молкот на Рускоска, пак, во јавноста веќе протекоа информации, што треба секого да загрижат.

–Финансиските истражители уште сега при самиот попис и опис на документите имаат најдено криминал во финансиските книги на СЈО. Меѓу останото, дека парите кои Катица Јанева ги делела со своите обвинители, роднини и пријатели го надминуваат буџетот на СЈО! Ова значи дека вишокот пари кои се делени, а се работи за големи цифри од стотина илјади евра годишно просечно по обвинител, делумно се и од непознато потекло! Први претпоставки се дека тие пари се од дипломатски извори и, или, од владини и партиски извори за да се делат помеѓу обвинителите и истражителите кои одработувале за интерес на извршната власт и партиите кои ја сочинуваат. Од тие мистериозни пари плаќани се и новинари, роднини на судии, роднини на директори на затвори и на партиски функционери од сегашната власт. Сосема е извесно дека може да се очекуваат нови истраги за некои од обвинителите во СЈО кои знаеле за приходите на СЈО и, исто така, по службена должност знаеле дека не може да примаат по сто илјади евра екстра приходи годишно без оглед што се труделе тоа да го маскираат со правни образложенија, анализира порталот Вечер, користејќи информации од свои извори.

Молкот на Рускоска повеќе води во правец на тоа дека финансиската истрага треба да исчисти нешто што не треба да се знае, отколку кон отстранување на дилемите околу расфрлањето со пари на Јанева. Зашто, пишувањето на Вечер бара итна или демант или потврда, а од тоа досега нема ништо. Дотолку повеќе што наместо да се бори против криминалот и корупцијата, како основа на толку користената фраза за „заробена држава“, СЈО и фактички и практично стана слика за институционално отворено корумпирање на целиот систем, ако воопшто и може да се говори за негово постоење.

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во својот последен телевизиски настап изнесе две мошне интересни согледувања. Првото, дека наскоро ќе се чуе кој од Владата го предупредил Боки 13 за аферата „Рекет“ и второто дека „сите кои му слугуваат на Заев треба пред себе да ја имаат сликата на Катица со ќулафката“, зашто „така ќе ги пушти низ вода за да се задржи таму каде што е“.

Само за потсетување, по отворањето на аферата „Рекет“ премиерот во заминување, парафразирано, изјави дека нема да дозволи еден суетен новинар, еден пе*ер и неколку криминалци да ја урнат Владата, откажувајќи се на тој начин од дотогашните црвени линии, што го поврзуваа со Јанева. Ако на ист начин ги брани и останатите поранешни специјални обвинители, подобро е да му се заблагодарат со објаснување дека доволно ги брани. А, ќе биде интересно да се слушне кој тогаш ќе биде виновен за падот на оваа Влада.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This