March 29, 2024, 12:28 am

Се зaпaли возило кое превезувало изборен материјал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рано изутринава, од засега непознати причини, се запалило возило на гостиварската Изборна комисија. Во возилото се наоѓал изборниот материјал од гласањето во Општина Гостивар што комисијата го носела во ДИК. Во инцидентот нема повредени лица, а, како што соопшти полицијата, не бил оштетен ниту избирачкиот материјал.

„Денеска во 4 часот и 30 минути, во СВР Тетово e пријавено дека моторно возило ‘форд транзит‘ со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал 35-годишниот гостиварец Ф.А., се запалило во движење во непосредна близина на наплатната станица Тетово. Во возилото се наоѓале петмина членови на Општинската изборна комисија Гостивар, кои го превезувале избирачкиот материјал во Скопје. Материјалот воопшто не бил оштетен и бил префрлен во друго возило и испратен во Државната изборна комисија“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Додека возилото се движело кон Тетово, возачот забележал чад кој излегувал од кај моторот. Веднаш го сопрел возилото во близина на тетовската наплатна рампа, а петтемина членови на комисијата излегле од возилото. Од безбедносни причини, возачот не сакал да го продолжи возењето, туку било повикано друго возило.

Извор: СДК

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This