СЕ ИСКАРАА ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ И ЃОРЃИ СПАСОВ: Екс-премиерот задоволен што Ѓорѓи Спасов се бори да биде поголем бугарофил и гркоман од него

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во овој момент со господинот Ѓорги Спасов сме на иста страна и посебно ми е задоволство што еве после 20 години тој се бори да стане поголем бугарофил и гркофил од мене – вака експремиерот Љубчо Георгиевски му одговори на Спасов, кој му порача на Георгиевски да не се плаши од директни средби меѓу македонската и грчката влада со цел надминување на спорот за името.

Во изјава за порталот Поглед, Георгиевски појаснува што мислел кога рекол Македонија да се врати на предлозите на медијаторот Метју Нимиц, наместо да се впушта во билатерални средби со Атина.

-Во минатите 20 години, преговарачите од ОН, како господинот Нимиц, даваа предлог, а земјите се изјаснуваа за тој предлог и бараа дополнителни корекции, а она што е многу важно, обично тој предлог беше на една страничка и најмногу со пет шест реченици. Во најновите преговори, имаме обратна ситуација во која очигледно се гледа дека Грција дава свој предлог, а подоцна како што разбравме и Македонија дава свој предлог. И двете страни седнуваат и преговараат за тие свои предлози. Како што разбравме, грчкиот предлог го пишувале 60 грчки експерти и е документ со над 20 страни. Не знаеме македонскиот документ колку страни има. За мене, тоа е парадоксален начин на билатерални разговори за проблемот кој не мачи сите. И не гледам како до тој билатерален разговор за Македонија може да има добро решение – вели Георгиевски.

Тој смета дека подобро ќе биде Македонија да му се обрати на Нимиц и тој да направи еден документ од сите негови предлози во минатите 15 години и тоа да биде појдовната точка од која ќе се преговара.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This