СЕ ИCKAPAA ПОРАНЕШНИТЕ „ШАРЕНИ“ СОБОРЦИ: Мене претходната власт не ме кaзни, сега вие ме кaзнувaтe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Довчерашните ,,шарени соборци’’, Мирјана Најчевска и Петрит Сарачини жестоко дебатираа во Отвореното студио поради прекршочната пријава која ја доби Најчевска поради фарбањето на државните институции за време на ,,шарената револуција’’. Сарачини како човек со државна функција се обидуваше да ја одбрани власта, а Најчевска забележa дека добила прекршочна пријава сега од оваа власт, а од претходната против која се борела никогаш не добила ваква пријава.

-Ама јас не сум добила прекршочна кaзнa од минатата власт. Не сум добила. Значи јас не сум добила прекршочна, не сум платила до сега кaзнa. Сум дебатирала и кога била минатата власт. Значи факт е дека не сум добила прекршочна кaзнa од минатата власт, а добив прекршочна кaзнa од оваа власт, вели Најчевска.

Според неа оваа власт одлучува да не го почитува законот, сомневајќи се дека станува збор за малициозност и замолчување на своите критичари.

– Оваа власт се решава да не го почитува законот, на ист начин како што не го почитувала претходната власт. Не знам дали тоа е од незнаење. Јас многу се плашам дека тоа е од незнаење тоа е најзастрашувачкиот момент или пак е од малициозност. Меѓутоа наједноставен начин, го зема законот, го чита законот нема основ за овие прекршоци само треба да се примени законот и по автоматизам да се повлечат сите овие прекршочни кaзни, истакнува таа.

За крај Најчевска запраша зашто досега не проработеле институциите, што правеле цели две и половина години.

-Зашто досега не проработеле институциите. Што правеле, па поминаа две и пол години. Не проработеле, заклучи Најчевска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This