Се крева температурата во „Виенер Штадхале“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија и Чешка попладнево во Виена го играат 15.тиот меѓусебен натпревар. Ова ќе биде дуел од исклучителна важност за двете репрезентации. За Македонија победа ќе значи пласман во следната фаза, додека за Чешка пораз ќе значи и крај на сите шанси за учество во следната фаза.


Од таа причина навивачите на двете селекции веќе ја полнат „Виенер Штадхале“. Ова особено е важно дека македонските навивачи кои се во голема бројка, неколку илјади денеска на трибините ќе имаат и конкуренција особено што неработниот ден (недела) Чесите го искористија да дојдат во Виена и да ја бодрат својата репрезентација.

Во една од фан зоните на нашите навивачи беше исклучително жешко, па се очекува песните и навивачките химни и овој дуел да бидат од помош за македонските ракометари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This