СЕ МЕНУВААТ ПАРИТЕ: Ќе плаќаме со „северни“ банкноти со албански мотиви?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Народната Банка склучила договори за набавка на нови 10 и 500 денарки, кои ќе имаат ист дизајн, но ќе го имаат и новото име на државата.

„Потребно е да се заменат буквите НБРМ со НБРСМ и текстот Народна Банка на Република Македонија со текст Народна Банка на Република Северна Македонија секаде каде што се појавуваат“ стои во склучените договори, дознбава „Алфа ТВ.

Парите ќе се заменуваат постепено, а целиот процес треба да трае околу 5 години, а евентуално негово забрзување може да се очекува со отворањето на соодветното поглавје од преговорите со Европската Унија како што е предвидено со Преспанскиот договор.

Засега е неизвесно дали денарите ќе станат и двојазични. Се уште се чека мислењето на Венецијанската комисија која треба да каже дали е во согласност со Уставот парите освен на македонски да бидат испишани и на албански јазик.

Во законот веќе има одредба дека банкнотите и монетите треба да содржат и албански мотиви.

„Книжните и кованите пари, како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните“ стои во членот 8.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This