СЕ МЕШАМ, АМА НЕ СЕ МЕШАМ: Тачи со порака да си го смениме името

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Косово Хашим Тачи ги повика граѓаните на Република Македонија да излезат и да гласаат на референдумот на 30 септември,но потенцира дека тоа не е мешање во внатрешните работи на земјата со што стана само последниот странец кој директно се вмеша во реферндумскиот изборен процес во Македонија.

„Јас денеска не сум во Скопје да заземам страна за овој или за оној политички лидер, Многу е охрабрувачки ова што го слушнав од премиерот, силно го поддржувам неговото патешествие во НАТО и ЕУ. Односот на Косово и Македонија не треба да се основа на политички шеми туку на државни интереси. Излезете и гласајте, ова е најголемиот патриотизам што може да го направи секој граѓани“, рече косовскиот претседател Хашим Тачи на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Косовскиот претседател Тачи додаде дека повикот да се излезе на референдумот не го смета за мешање во внатрешните работи на Македонија.

„Ние како лидери треба да ги најдеме најдобрите решенија и истите треба да се поздрават и да се поддржуваат“, одговори Тачи на новинарско прашање.

Претседателот на Косово ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This