СЕ НАВЕСТУВА ГРАБЕЖ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ: Потребни се предвремени избори за да се спречи изборен грабеж на претстојните претседателски избори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во своето гостување во емисијата Клик Плус на Телевизија 21, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, како една од причините за предвремени парламентарни избори го наведе, како што вели, изборниот грабеж кој власта го припрема на претседателските избори.

Тој напоменува дека изборниот фалсификат на претседателските избори од страна на СДСМ бил навестен со референдумското гласање каде што на одредени гласачки места се гласало на секои 2, односно 4 секунди, нешто што се коси со законите на физиката.

-Ние очекувавме како ВМРО-ДПМНЕ, дека од страна на СДСМ ќе се обидат што повеќе да ја одолговлечат оваа одлука и да ја префрлаат топката, Извршен, Централен итн. Тоа си се нивни статутарни чекори. Сметаме по две основи дека треба да има предвремени парламентарни избори. Најнапред една од причините зошто бараме предвремени парламентарни избори е за да спречиме предизборен грабеж кој што се повеќе се навестува на претстојните претседателски избори. Тоа го видовме веќе во неколку наврати, тоа беше видено на референдумското гласање каде што за две до четири секунди гласаше еден гласач. Тоа е практично невозможно и е спротивно на физиката, истакна Арсовски пред својот соговорник Костадиниов, портпаролот на СДСМ.

Според него, техничката, односно таканаречената Пржинска влада, би ги спречила намерите на власта за изборен фалсификат.

Арсовски истакна дека предвремените парламентарни избори се потребни и поради тоа што со актуелната власт Македонија губи на сите полиња, притоа напоменувајќи го Договорот од Преспа, лошите економски политики и иселувањето на младите надвор од државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This