Се намалува бројот на верници кои ќе скокаат утре по крстот во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Православните верници утре го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

132469891

Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

 

Како и во минатите години, најмасовно се очекува да биде во Скопје и во Охрид. Во Скопје се пријавени над 100 граѓани за учество на манифестацијата „Водици 2017“. Кум на манифестацијата годинава е Димитриј Јовановиќ, сопственик на ресторанот „Стара куќа“.

Можеби поради студеното време, но оваа година ќе има помал број на верници кои ќе се обидат да го извадат Светиот Крст. Скопјани паметат и над 200 верници кои влегувале во студените води на Вардар.

Централната манифестација во Скопје ќе се одржи напладне кога архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе го положи крстот во Вардар од мостот „Слобода“.

Претходно, од 9 часот, поглаварот на МПЦ г.г. Стефан ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“.

 

Во Охрид традиционално во сите парохиски цркви на Дебарско-кичевската епархија ќе се одржи утрена богослужба и божествена литургија. Потоа верниците масовно заедно со свештениците ќе се упатат на Градското пристаниште, каде ќе бидат осветени водите на Охридското Езеро, а потоа во 10 часот ќе се положи и чесниот крст.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This