СЕ НАЈАВУВА БЛОКАДА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН: Трговците од Македонија најавија протест на границата со Косово!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трговците од Македонија се подготвуваат за протести пред косовската граница, откако веќе четири дена е на сила одлука на Приштина за повисока царина на увезените земјоделските производи.

Тие денес на Кванташкиот пазар во Скопје беа разочарани. Бараат Владата да донесе контра мерки за Косово, зашто овошјето и зеленчукот веќе скапува на пазарите на големо. Цените трикратно се намалени, но никој не купува.

Според Царинската управа во Косово денес влегол само еден камион со земјоделски производи, што е безначајна количина наспрема просекот од двесте тони дневно.

Македонската Влада се уште тактизира. Неизвесно е дали ќе воведе контра мерки, но и на кој начин тоа би се спровело, зашто македонскиот извоз во Косово годинава бил вреден 100 илјади евра, а увозот од таму само 12 илјади.

За проблемот со повисоката царина што за регионот ја воведе Косово реагираше и Европската Комисија. Бара итни појаснувања од косовската влада и очекува Приштина да ги исполни обврските од Договорот за стабилизација и асоцијација и регионално да соработува.

Од Косово тврдат дека повисоката царина е од времен карактер со цел да се заштити домашното производство. В среда во Белград министрите од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе бараат решение за косовската царина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This