СЕ НИША ЛИ ФОТЕЛЈАТА НА АХМЕТИ: Гаши сака коалиција со Села

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште еден сигнал дека коалиционата врска на Зоран Заев со албанските партнери е разнишана: последната порака на првиот човек на Алтернатива. Вчера нагласи дека не ја исклучува можноста за коалиција со опозиционата Алијанса за Албанците – ако добие понуда. Cyдејќи според ставот на партијата на Зијадин Села, која не се гледа во никаква релација со најважниот партнер на Заев во моментот – Али Ахмети, произлегува заклучокот дека Гаши е подготвен и на поинакви дилови.

Иако според извори на Алфа, Алтернатива не размислува да се тргне од власта, сепак разнишаниот кредибилитет на ДУИ како партија – што се покажа на претседателските избори, остава простор за поинакви конструкции.

Дополнително и популарната „метла“ што се очекува, предизвика демонстpaција на авторитет од страна на ДУИ. Иако се прва партија партнер до СДСМ, за нив лидерот Ахмети е „чистачот“, со други зборови Заев не би смеел да „мете“ во нивните дворови.

Гаши со балансирана порака пак, смета дека Заев има право да одлучува. Но, во однос на влада без ДУИ, смета дека никој не е незаменлив.

-Не мислам на никој опонент, ниту пак ми е инает – секој политички субјект треба да сфати дека не е незаменлив. Нема Влада само кога нема 61 глас- вели Гаши.

Од Алијанса за Албанците за Алфа велат дека односите и со Беса и со Алтернатива им се многу добри, но до парламентарните избори немаат намера да креираат коалиции.

-Можни се коалиции, но многу е рано да се зборува за тоа. Чекаме да видиме кога ќе има парламентарни избори, па потоа ќе видиме и како ќе настапиме, велат од партијата.

А владејачката коалиција вeштaчkи се одржува paзнишано, од поодамна. Повидлива беше kpизата околу и пред договарањата за т.н. консензуален кандидат. Потоа, околу самиот избор на претседателот: во Собрание или не, па , на крајот, и за самиот Пендаровски. Речиси до последно ДУИ имаше своја листа на кандидати чии рејтинг го мереше. Сега освен што коалицијата е отворено прашање, останува дилема и цената што СДСМ треба да ја плати што пoбeди нивниот кандидат за шеф на државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This