Се обиделе да пpeнесат мигpaнти низ Македонија, меѓу кои деца од Сиpија, Паkистан и Авганистан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дваесет и осумгодишниот М.Ј од Штип е лишен од слобода и приведен во полициска станица, зашто вчера им бегал на полициските службеници што му дале знак за запирање на товарното моторно возило Мерцедес кое го управувал, а во кое при преглед биле пронајдени 43 мигранти меѓу кои и деца од Сирија, Пакистан и Авганистан. За настанот бил известен јавен обвинител по чија наредба мигрантите се сместени во транзитниот центар Винојуг Гевгелија.

Во уште еден засебен настан, полициски службеници откриле обид за пренесување на мигранти низ земјава. На патот Струмица Дабиље, на влезот од селото полициски службеници сопреле возило марка Алфа Ромео 156 со бугарски регистерски таблички, а внатре пронајдени биле 12 мигранти. Јавен обвинител дал наредба возачот да биде лишен од слобода и против него да биде поднесена соодветна пријава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This