СЕ ОБИДЕЛ ДА ОГРАБИ МЕСАРНИЦА ВО КИСЕЛА ВОДА: Пијан заспал под касата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Крадец кој и бил познат на скопската полиција, а имал издржано и затворски казни, се вратил на стариот занает. Тој ноќта вторникот кон средата се обидел да ограби месарница во Расадник во Кисела Вода.

Криминалецот влегол во објектот, а кога стасал до касата се сокрил, но најверојатно зашеметен од алкохол, заспал под касата.

Дури и алармот во месарницата кој се активирал не успеал да го разбуди. Патролата од агенцијата која го обезбедува објектот го пронашла крадецот како спие до касата, по што случајот го преземала скопската полиција, на која крадецот и бил познат.

По легитимирањето и проверката на неговиот индентитет, полицијата констатирала дека тој бил извршител на повеќе кривични дела кражби, тешки кражби и разбојништа, за што одлежал казна во Идризово.

Во јануари годинава, тој бил помилуван и пуштен на слобода.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This